8477 Валенсија – Баерн М. (20.30 часот)
Ова е директен дуел на екипи кои се борат за пласман во разигрувањето за пласман во плејофот и коишто имаат идентичен скор од 13 победи и 16 порази на четири меча до крајот на регуларниот дел од сезоната. Валенсија е во серија од четири порази по ред во Евролигата, додека Баерн фати ритам во финишот од регуларниот дел и победи на три од последните четири меча. Првиот меѓусебен дуел сезонава заврши со триумф на Баерн од 85:84.
Предлог тип: > 157.50 (2.19)
8475 Монако – Армани Милано (19.00 часот)
Монако е тимот кој се наоѓа во најдобра форма во Евролигата, победи на последните осум меча и е фаворит вечерва да ја оствари и деветтата победа, со која ќе се зацврсти на третото место на табелата. Како што наближува најважниот дел од сезоната, плејофот и завршната битка за титулата, така Мајк Џејмс игра сè подобро, а пред две кола стана и најдобар стрелец во историјата на Евролигата.
Армани пред стартот на сезоната се засили со неколку звучни имиња, од кои најзвучно е тоа на Никола Миротиќ, но италијанскиот тим е доказ дека не секогаш успехот се купува со пари. Иако амбициите беа најголеми и одеа до завршниот фајналфор турнир, Армани Милано се наоѓа на 14-тото место со 12 победи од 29 меча. Иако победата е императив за Армани Милано, Монако предводен од Џејмс е фаворит за триумф во меч кој би требало да биде ефикасен.
Предлог тип: 1 & > 157.50 (2.50)
1052 Велдстоун – Бромли (20.45 часот)
Ова е натпревар од англиската национална лига, и тоа меѓу тим кој се наоѓа во средина на табелата и тим кој е трет со амбиции да оди во повисок ранг на натпреварување. Бромли во 38 кола има само седум порази, но неговите мечеви се ефикасни, гол-разликата му е 61:42, а просек повеќе од еден даден и примен гол има и Велдстоун (49:53), што е најава за ефикасен натпревар.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)
4201 Сал Лоренцо – Годој Крус (23.00 часот)
Ова е натпревар од аргентинскиот лига куп. Годој Крус е лидер по 10 кола само со еден пораз и гол-разлика 13:3, додека домаќинот Сан Лоренцо е деветти со по две победи и порази и дури шест ремија. Гол-разликата на Сан Лоренцо е 8:10, а по последните шест кола има две победи и четири ремија. На сите мечеви кои Сан Лоренцо ги играше на домашен терен во ова натпреварување, головите беа реткост и најмногу беа постигнати два гола, а притоа забележа само еден пораз, и тоа од Ланус со 0:2.
Предлог тип: 1Х & 0-2 (1.87)
6701 Хакен ж. – ПСЖ ж. (18.45 часот)
Ова е прв четвртфинален дуел во женската Лига на шампиони и ПСЖ ја има фаворитската улога во двомечот. Новата сезона во шведскиот шампионат во која Хакен ќе ја брани титулата сè уште не е започната, додека ПСЖ е второпласиран во француското првенство зад неприкосновениот Олимпик Лион. Овие два тима досега двапати играле меѓу себе, пред две години во групната фаза во ЛШ и на двата меча славеше ПСЖ со 2:0 и 2:1.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.05)