Договорот на Џаунлуиџи Донарума и ПСЖ завршува следното лето, а преговорите за продолжување се во безизлезна ситуација. Голманот заработува бруто износ од 850.000 евра месечно, но „светците“ инсистираат да прифати помала плата.
Во меѓувреме се појавуваат екипи кои се заинтересирани за потписот на Италијанецот, а последни во редот застанаа и од Галатасарај. Гигантот од Босфорот нуди 50 милиони евра за Донарума, но и месечна бруто плата од еден милион евра, што е повеќе од она што го заработува во моментов италијанскиот голман.
Понудата на Галатасарај е вредна за размислување, но сигурно дека ниту ПСЖ, а ниту Донарума, нема така лесно да се откажат од разговорите за продолжување на договорот.