И гувернер во САД бара претседателот Бајден да реагира: Укинете ги ограничувањата за да може Ѓоковиќ да дојде

Гувернерот на сојузната држава Флорида, Рон Де Сантис, испрати писмо до претседателот на САД, Џо Бајден, со кое бара да се укинат ограничувањата за коронавирусот, за да може Новак Ѓоковиќ да настапи на мастерсите во Индијан Велс и Мајами.

Во САД сè уште е на сила забраната за влез во земјата на невакцинирани лица и таа ќе биде укината дури на 11 мај. Бидејќи Новак не е вакциниран против коронавирусот, тој не може да влезе во САД и да настапи на турнирите во Индијан Велс и во Мајами кои се играат овој и идниот месец.

„Беше објавено дека Новак Ѓоковиќ поднел барање за влез во САД, но бил одбиен од вашата администрација и поради тоа не може да учествува на турнирот во Мајами. Тоа не е фер, тоа е спротивно на науката и е неприфатливо. Ве повикувам да размислите повторно за ова. Време е да се тргне настрана политиката за пандемијата и на американскиот народ да мусе даде тоа што го сака. Пуштете го да игра“, пишува Сантос во писмото до претседателот Бајден.

Тој го потсети претседателот на САД, дека Ѓоковиќ двапати ја посетил земјата за време на пандемијата на коронавирус и дека со неговото доаѓање никого се ставил во опасност.

„Иако издадовте проглас за воздушно патување, вашата администрација дозволува илјадници невакцинирани мигранти да влезат во земјата преку јужната граница. Затоа, „забраната за патување“ наметната на г-дин Ѓоковиќ и милиони други потенцијално невакцинирани посетители изгледа целосно неоснована и нелогична, и не укажува на тоа дека има поголема грижа за американскиот народ“, пишува ДеСантис.

- Оглас -

Најнови вести