Ерлинг Халанд кој лани заврши на второ место во гласањето за „Златната топка“ зад Лионел Меси, годинава реши наместо да присуствува на церемонијата во Париз, да замине во Малме и да го гледа дербито на шведската лига помеѓу Малме и Гетеборг.
Според фотографијата која сам ја објави на Инстаграм, а и некои од трибините на стадионот во Малме, се гледа дека Халанд е навивач на светло-сините од Малме кои имаат иста боја на дресови како Манчестер сити.
Халанд во 2023 освои речиси сè со Манчестер сити, беше и „Златна копачка“, откако постигна огромен број на голови во Премиер лигата, но и тоа не беше доволно да ја земе „Златната топка“ која изненадувачки му припадна на Лионел Меси од Интер Мајами.