Шефилд јунајтед успеа да се одбрани во првото полувреме против Манчестер сити и резултатот е 0:0. Актуелниот англиски првак е голем фаворит за победа, има неверојатна доминација на теренот (83 отсто посед на топка), но тоа не се гледа на резултатот.
Граѓаните упатија вкупни 12 шута кон голот на Шефилд, изведоа пет корнери, но не постигнаа гол. Најдобрата шанса за гостите ја имаше Ерлинг Халанд кој во 37 минута шутираше пенал, но неговиот удар заврши во стативата.
За тоа колку Шефилд е орјентиран само на дефанзива покажува и фактот дека домаќините немаа ниту еден шут кон противничкиот гол, не изведоа ниту еден корнер, а имаат само 17 отсто посед на топката.
Пеналот на Халанд може да го видите ТУКА.