И херојот на Италија ги тргна шишенцата со „кока-кола“ (Видео)

Италија е првата репрезентација која се пласира во нокаут-фазата од Европското првенство откако синоќа без многу проблеми со 3:0 ја победи Швајцарија и со максимални шест бода го обезбеди првото место во А групата.

Играчот на Сасуоло, Мануел Локатели, кој само пред девет месеци дебитираше за националниот тим, беше херојот на Аѕурите. Локатели постигна два гола, а освен за погодоците, се зборува и за потегот што фудбалерот го направи на прес-конференцијата по мечот.

Локатели дојде со шише вода, кое го стави пред себе, а двете шишиња со „кока-кола“ ги поттргна на страна. Тој е третиот фудбалер кој „бојкотира“ против спонзорите на ЕП. Прв започна Кристијано Роналдо, кој ги тргна од масата двете шишиња со „кока-кола“ и порача сите да пијат вода. Овој потег на Роналдо на американската компанија ѝ донесе загуба од четири милијарди евра.

По Роналдо, и Пол Погба реши да отстрани еден од спонзорите во салата за прес-конференции откако го тргна шишето на пивото „хајнекен“.

 

- Оглас -

Најнови вести