И Холанѓаните ни одржаа час по одбојка

Нов пораз на македонските одбојкари на Европското првенство, овопат нашата репрезентација беше надиграна од селекцијата на Холандија со 3-0 (25-20, 25-18, 25-22) во сетови во второто коло од групната фаза. Лалињата беа пресилни за Спартанците кои пак вечерва не можеа да освојат сет иако на моменти се приметуваа позитивности во играта.

Македонија во воведот од првиот сет се држеше до резултат 13-12, по што холандските одбојкари остварија серија од четири поени и се одлепи. Се вративме до 22-20 со добра серија од 5-1, но Холанѓаните го освоија сетот со 25-20.

Слично беше и во вториот сет, во кој Македонија првпат на мечот имаше предност при резултат од 15-14, за потоа противникот повторно да почне со освојување на поени во серија и на сигурен начин да зголеми на 2-0. Холандија речиси цело време одржуваше предност од три до четири поени и во третиот сет, па не се гледаше надеж дека Спартанците би направиле сензација.

Капитенот Ѓоргиев беше најефикасен со 13 поени, Тер Мат ги предводеше Лалињата со 20 поени.

- Оглас -

Најнови вести