И хумано и елегантно, ќе има мечиња за сите дечиња – Битолчани со прекрасен гест ќе го пречекаат вечниот ривал Вардар (Фото)

Еурофарм Пелистер се приклучи на трендот пред новогодишните празници и ги повика своите симпатизери утре на полувремето на дуелот со вечниот ривал Вардар да се вклучат во хумана акција и да даруваат играчки наменети за деца од ранливите категории.

Со фрлање плишани играчки на терен на паузата меѓу двете полувремиња, навивачите на Еурофарм Пелистер ќе помогнат во една исклучително добра и позната акција што ја практикуваат многу клубови во светот, во различни спортови, а последни ја изведоа навивачите на Бетис, завчера на дуелот од Ла Лига во Шпанија против Реал Сосиедад.

Утре во Битола ќе има двојна програма дуели меѓу вечните ривали, а прво ќе се игра фудбалскиот меч меѓу Пелистер и Вардар од 13 часот во четвртфиналето на Купот на Македонија и потоа од 18 часот ќе се игра ракометното дерби во Суперлигата на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести