И играчите му свртеа грб на Емери: Лака „лајкна“ објава за отказ менаџерот (фото)

Арсенал вчера повторно прокоцка предност од два гола и му дозволи на Кристал палас да си замине од „Емирати“ со драгоцен бод. Топчиите за помалку од 10 минути дојдоа до 2-0 во малото градско дерби, но тимот на Рој Хоџсон му донесе нови проблеми на Унаи Емери со конечните 2-2.

Сешто се случуваше во Лондон. На удар беше Џака откако гневно го напушти теренот и откако навивачите го исвиркуваа, а Швајцарецот го фрли дресот во знак на протест. Вакво однесување не е дозволиво за еден капитен, па сега останува прашањето до кога Џака ќе ја носи лентата. Во финишот од мечот, ВАР-системот му го пониши вториот гол на Сократис и наместо да биде 3-2, остана резултатот непроменет.

По самата средба, фановите на Арсенал ги изразија своите незадоволства преку социјалните мрежи, а еден фан објави фотографија на „Инстаграм“ со порака дека е време Унаи Емери да си замине. Оваа објава му се допадна на Александр Лаказет и сега е повеќе од јасно дека и фудбалерите му го свртеа грбот на шпанскиот стратег.

Се чини дека дојде моментот за промени во стручниот штаб на англискиот клуб кој чека на титула во Премиер лигата од 2004 година.

- Оглас -

Најнови вести