И играчот може да биде како голман и да нема пенал (Фото)

Една од најчудните одлуки кога се работи за тоа дали имало пенал или не, се случи на дуелот меѓу Мајнц и Борусија Дортмунд. Милионерите беа во напад, а Марко Ројс сакаше да ја подаде топката во шеснаесетникот на домаќините.

Бекот на Мајнц, Џери Сент се обиде да блокира, а успеа да ја сопре топката и тоа со двете раце. Дефанзивниот играч беше во шеснаесетникот, а успеа со двете раце буквално да ја одбрани топката и половина метар да се лизга.

Ројс бараше пенал, а судијата реши да се консултира со ВАР системот. Арбитарот гледаше повторена снимка, но и покрај тоа, одлучи дека немало услови за пенал.

 

- Оглас -

Најнови вести