И Интер и Јувентус ќе дадат гол, таква е традицијата

1009 Ливерпул – Манчестер јунајтед (17.30 часот)

Црвените ѓаволи се лидери на табелата и имаат серија од три победи по ред, додека Ливерпул три кола по ред не знае за победа. Но, Ливерпул на „Енфилд“ многу долго време не знае за пораз, и сезонава веќе покажа дека во дербијата знае да демонстрира шампионски менталитет и да победи кога е најпотребно. Јунајтед нема пораз на гостински терен сезонава во Премиерлигата, но од 2016 наваму не победиле на гости кај Ливерпул.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.01)

 

3010 Интер – Јувентус (20.45 часот)

Ова е дерби дуел на најефикасниот тим и најдобрата одбрана во Серија А. Интер откако испадна од Европа, сите карти ги фрли на домашната лига, но во последните две кола киксираше. Квадрадо и Дибала се најзначајните отсуства на Јуве, но Старата дама не смее да биде отпишана. Јувентус на сите гостувања во лигата сезонава даде гол, а и Интер дава гол на сите домашни дуели. Интер од 2016 чека домашна победа над Јуве, а кога овие два тима играат во Милано, традиција е да се тресат мрежите на двата гола.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.35)

 

1349 Барселона – Атлетик Билбао (21.00 часот)

Каталонците и баскијците се борат за шпанскиот суперкуп. Втора година по ред во финалето играат тимови кои не освоија ни првенство ни куп, но сепак подобриот ќе освои пехар. Ако се суди според дуелот кој овие два тима меѓусебе го одиграа пред само 11 дена (3-2 за Барселона), ќе победи Барса и ќе има голови на двете страни. Но, овој меч има поинакво значење, се игра на неутрален терен во Севилја и можеби нема да биде толку ефикасно. Настапот на Меси е неизвесен, без него, Билбао има поголеми шанси.

Предлог тип: 0-2 I & 0-2 II (1.43)

 

1958 Бешикташ – Галатасарај (17.00 часот)

Галатасарај е четврти на табелата, но има само два бода помалку од ко-лидерите Бешикташ и Фенербахче, па со победа може да избие и на чело. Бешикташ дома е беспрекорен од 1 ноември наваму, а при последните два домашни дуели со Галата, Црно-белите победуваа со по 1-0. Галатасарај шест години не славел на гостување кај Бешикташ. На последните седум нивни меѓусебни меча, едниот тим не давал гол.

Предлог тип: & 2-5 (2.02)

 

3009 Аталанта – Џенова (18.00 часот)

Аталанта полека влегува во потребната форма, има три победи по ред, и веќе е на место на табелата кое води во Европа, па секако е фаворит во дуелот со џеновјаните кои се борат за опстанок. Последните четири меѓусебни дуели на овие екипи во Бергамо, завршиле со три или повеќе голови и Аталанта секогаш давала барем два погодоци. Од 2014 не било нерешено, Џенова ќе биде без Пандев, Бираски и Запата, кај домашните ќе го нема Пашалиќ.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.66)

- Оглас -

Најнови вести