По трети пат во историјата на ЛШ во финале ќе играат два тима кои во групната фаза биле второпласирани во своите групи. Прв таков случај имаше во 2000 година, кога Реал Мадрид и Валенсија беа втори во тогаш втората групна фаза кога немаше осминафиналиња, потоа во 2010 година, кога Интер и Баерн дојдоа во финалето како втори во првата групна рунда и ова со Ливерпул и Тотенхем е трет пат.
Можеби многумина заборавија, но треба да се потсети дека англиските финалисти имаа многу среќа во групната фаза на штета на италијанските.
Ливерпул беше во најтешката група, со ПСЖ, Наполи и Црвена ѕвезда, а за влез меѓу 16-те најдобри во последното коло му требаше триумф над Наполи. Ливерпул победи со 1-0, но во последните моменти, Полјакот Милик имаше 100-отстотна шанса да изедначи и да ги елиминира Црвените.
Ова е одбраната со која Алисон Бекер го однесе Ливерпул во осминафиналето:
Тотенхем во првите три кола имаше само еден бод, но успеа да се вмеша во трката со Интер и ПСВ за второто место, зад најдобрата Барселона. Во последното коло лондонскиот тим не зависеше само од себе, гостуваше кај Барса и му требаше барем бод, но и Интер да не победи против ПСВ. Ако Интер славеше над ПСВ како што очекуваа сите, Тотенхем ќе се преселеше во Лигата на Европа. „Нераѕурите“ киксираа, одиграа само 1-1 и му дозволија на Тотенхем, кој исто,така одигра 1-1 на „Камп ноу“, да оди понатаму.