И Италијанците играа на ден по нивниот Божиќ, но се откажаа

Играњето фудбал на таканаречениот „Боксинг деј“, еден ден по католичкиот Божик, шеста сезона по ред во топ 5 лигите во Европа е „ексклузива“ само за Премиер лигата во Англија.

Денеска во Англија се играат осум натпревари од елитната лига, другите два од колото се утре, а на 26 декември во минатото се играше и во Италија, но само во сезоните 2017/2018 и 2018/2019.

Во Италија денеска е национален празник, Сан Стефано (Свети Стефан), и тоа е една од причините зошто не се игра фудбал.

Експериментот со играње фудбал во празничниот период траеше кратко. На 26 декември 2017 година Лацио и Фиорентина играа меч од Купот, а една година подоцна имаше и три натпревари од Серија А.

Оваа пракса беше напуштена, но во Серија А нема класична божиќна и новогодишна пауза. Целосното коло од натпреварите во Серија А почнува задутре и ќе се одигра помеѓу 28 и 30 декември.

- Оглас -

Најнови вести