19.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

И Јувентус се вклучува во трката по потписот на Маркус Рашфорд

Маркус Рашфорд е на излезна врата од „Олд Трафорд“, а Рубен Аморим јасно порача дека за него нема место во Манчестер јунајтед. Желбата на фудбалерот е да ја продолжи кариерата во Барселона, но Каталонците треба да најдат пари за да го купат, а потоа и да го регистрираат во Ла Лига, нешто што може да биде проблематично.

Токму во времето кога се очекува разврската на оваа сага, во трката за потписот на Англичанецот се вклучува и Јувентус. Раководството на Старата дама веќе остварила контакт со менџарскиот тим на Рашфорд и се распрашувала околу условите под кои може да го доведе. Иако интересот е во почетна фаза, сепак нема да биде изненадување доколку фудбалерот на крајот ја продолжи кариерата во италијанската Серија А.

Рашфорд последната полусезона ја мина како позајмен во Астон вила, а неговата вредност во моментов се проценува на 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести