Нејмар е решен да си замине од Пари Сен Жермен, но тоа засега е тешко остварливо. Бразилецот најави дека негова желба е повторно да го облече дресот на Барселона, но доколку тоа не се случи, би бил задоволен и да направи трансфер во Јувентус.
Токму италијанскиот првак е последниот во низата за кого се верува дека дал понуда за да го купи Нејмар. Пишувањата се дека Старата дама е подготвена да ги даде Дибала и Матуиди, плус 90 милиони евра за да го купи Нејмар од ПСЖ.
Францускиот првак засега ги одби сите понуди во кои беа вклучени повеќе играчи во трансферот. Светците најавија дека нив најважно им е да добијат пари за Нејмар. Најавија дека не планираат да го продадат доколку некој клуб не понуди 250 милиони евра, сума која е за 28 милиони евра поголема од таа што ПСЖ ѝ ја плати пред две години на Барселона.