Лидерот на италијанската Серија А и речиси сигурно нов шампион за сезоната 2022/2023, Наполи, има поволен распоред на одигрување на натпревари во март.
Наполитанците на терен во претстојниот месец ќе се појават само четири пати. На 3 март, в петок играат дома со Лацио, на 11 ја пречекуваат Аталанта, потоа на 15 имаат реванш од ЛШ против Ајнтрахт, а на 19 март му гостуваат на Торино. И толку ќе им биде играње пред 4 април, кога треба да се сретнат во дербито со Милан.
Последната третина од март е резервирана за репрезентативни натпревари, па многу од играчите ќе бидат зафатени и во тој период.