Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело, за кого нема место во Манчестер сити, иако има голема желба да се пресели во Барселона, најверојатно ќе заврши во Саудиска Арабија.
Каталонските медиуми пишуваат дека поради проблемите со финансискиот фер-плеј, Барселона не може да го реализира трансферот на Кансело бидејќи приоритет на тренерот Чави Ернандес е Бернардо Силва.
Агентот на фудбалерот, Жорге Мендеш, залудно ја договори платата со Барселона која требаше да изнесува шест милиони евра, и сега се јави екипа од Саудиска Арабија која му нуди трипати поголема плата.
Засега не е познато кој клуб е заинтересиран за Кансело, но повеќе од реални се шансите Португалецот во следната сезона да игра во саудиската Про лига.