И кога губи 2-0, не е тоа проблем за Челзи, затоа што знае да даде четири гола (Видео)

Челзи е тимот што влегува во трка за титулата со Ливерпул, откако оствари неверојатен триумф против Тотенхем на гости со 3-4. Составот на Енцо Мареска имаше очаен старт на натпреварот, прими два гола во првите 11 минути, поради грешниот избор на копачки на Марк Кукуреља.

Шпанецот двапати се лизна, а тоа го искористија Соланке и Кулушевски и донесоа предност од 2-0.

Џејдон Санчо намали на 2-1 во 18-та минута, а Кол Палмер од пенал и Енцо Фернандез направија целосен пресврт во второто полувреме.

Кол Палмер во 84-та го реализираше својот втор пенал и веќе беше 2-4, а во судиското продолжение Хјонг – Мин Сон го постави конечниот резултат, 3-4 во корист на гостите од „Стемфорд бриџ“.

- Оглас -

Најнови вести