Македонската футсал репрезентација вечерва загуби и од Косово, овојпат со 5-7, и со тоа ги загуби шансите за пласман во елитната фаза од квалификациите за Светското првенство.
Во првото коло во „Јане Сандански“, Македонија синоќа загуби од Словенија со 1-6, а во второто коло од претквалификациите за место на СП 2020 во Литванија, нашата селекција разочара и загуби со 5-7.
Последниот дуел од турнирот го играме в недела против силната Украина од 17.30 часот. Косово водеше со 4-2 по првото полувреме, тимот на селекторот Иван Божовиќ, направи пресврт и поведе со 5-4, но во финишот Косово беше подобар и направи пресврт. При 5-6, Македонија се обиде со играч повеќе во поле и без голман, но ризикот не се исплатеше, и гостите дадоа уште еден погодок на празен гол.