Sport Life ги издвои трите парови за денешната понуда во Квоти на денот, во кои преовладува типот во корист на Македонија.
Рисовите гостуваат кај Романија на стартот од мундијалските квалификации, во мечот кој го чекаме со верба дека ќе издвоиме позитивен резултат. Затоа понудениот тип е двојна шанса со реми или „двојка“ на Македонија и при тоа да се очекуваат најмалку два, а најмногу пет погодоци на Националната арена во Букурешт, за квота 2.85.
Црвената фурија е голем фаворит против Грција, па затоа нема да биде изненадување доколку Шпанците отворат уште во воведните 30 минути со погодок, за коефициент 2.05. Германија исто така треба да ја оправда фаворитската улога во нашта група, а против Исланд да запише сигурна победа во која ќе се постигнат најмалку четири гола. Типот 1-1 & 4+ во корист на Панцерите гласи 2.75.