И Левандовски стана цел на клубовите од Саудиска Арабија!?

Роберт Левандовски во првата сезона како дел од Барселона се радуваше на титулата во шпанското првенство, а беше најдобар стрелец во лигата. Полјакот постигна 23 гола во 34 лигашки дуели, односно вкупно 33 погодоци во 46 натпревари во цела сезона.

Според најавите од Полска, за Левандовски постои интерес од клубови во Саудиска Арабија, односно дека има понуда да замине од Барселона. Се шпекулира дека му е понудено по 150 милиони евра по сезона, па останува во следниот период да видиме дали може да се случи Левандовски да им се приклучи на Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Н’голо Канте, Хаким Зијех и останатите кои веќе потпишаа за клубови од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести