Новак Ѓоковиќ денеска дојде до десеттиот триумф на Отвореното првенство на Австралија откако во финалето го совлада Стефанос Циципас во три сета, а победата ја славеа и Македонците што живеат во Австралија.
„Род Лејвер“ Арената беше исполнета до последно место, 15.000 фанови го гледаа мечот од трибините, а уште 30.000 беа присутни во тенискиот комплекс на кој се играат мечевите од Отвореното првенство на Австралија – Мелбурн парк.
Најголем дел од нив беа навивачи на Новак, а меѓу нив имаше и Македонци кои се израдуваа на рекордната 10-та победа на Новак во Мелбурн.