И Лионел Меси ќе нема избор освен да се вакцинира и тоа со кинеската вакцина Синовак, што ја обезбеди Јужноамериканската фудбалска конфедерација пред стартот на Копа Америка.
Турнирот ќе се игра од 13. јуни до 10. јули во Аргентина и во Колумбија, земји кои се ко-организатори, а Комнебол обезбеди 50 илјади дози од кинеската вакцина за сите фудбалери и придружен персонал што ќе настапат на шампионатот.
Интересно е што во Аргентина се уште не дозволена примена на кинсеката вакцина, но најавено е дека нема да има проблеми.
Речиси истовремено со Копа Америка ќе се игра и Европското првенство, а и за настап на шампионатот на Стариот континент според најавите на УЕФА ќе треба комплетна вакцинација на играчите што ќе настапат, меѓу нив и македонските репрезентативци, заедно со стручниот штаб и неопходниот персонал.