Екипата на Интер е нов лидер во Серија А, откако славеше во 1-2 на гостувањето кај Џенова, но и откако Милан и Наполи не успеаја да победат во 15-тото коло.
Бисек во шесттата и Лаутаро Мартинес во 38-мата минута донесоа убедливи 0-2 за Интер, а почесниот погодок за домашниот состав беше дело на Витиња во 68-мата минута.
Интер сега има 33 бода на врвот од Серија А, следен од градскиот ривал Милан со 32 и Наполи со 31 поен.

