Реал Мадрид вчера славеше на гостувањето кај Осасуна со 2:0, а тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти, на паузата имаше бурна расправија со главниот судија, Мунуера Монтеро.
Анчелоти кој ретко ги покажува емоциите за време на натпреварите, беше револтиран од критериумот на судијата.
Имено, иако Мунуера Монтеро им додели три жолти картони на домашните фудбалери, Анчелоти му замери што повеќе не ги санкционираше агресивните играчи на Осасуна. Исто така, Италијанецот му се налути на судијата бидејќи му покажа жолт картон на Винисиус жуниор во судиското продолжение.
На крајот Реал Мадрид славеше со 0:2 ѝ и се приближи на Барселона на пет бода заостаток на табелата, но каталонскиот тим својот натпревае од 22-то коло го игра вечерва против Кадиз.