И младите Шпанци со победнички менталитет, на ЕП добија меч на кој губеа до 85-та минута (Видео)

Репрезентацијата на Шпанија за фудбалери до 21 година, со пресврт во финишот ја совлада Романија со 2-1 и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство кое се игра во Словачка.

Во првото коло Шпанците ја победија Словачка со 3-2 со победнички гол во 90-та минута, а овојпат славеа во меч на кој губеа до 85-та минута и утнаа пенал во првото полувреме.

Еден романски фудбалер доби црвен картон во 84-та минута и тоа како уште повеќе да им даде крилја на Шпанците посилно да нападнат, па со два гола за три минути дојдоа до нови три бода.

Ова е голот на Роберто Фернандес Хаен со кој Шпанија дојде до победата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести