Мурињо: Да беа деца, по четвртиот гол на Ливерпул би им кажал дека не се за фудбал

Жозе Мурињо, кој обично наоѓа начини да објасни некои необјасниви работи, овојпат и самиот се мачеше да најде зборови со кои ќе опише што се случи на натпреварот Ливерпул – Барселона кој домашните го добија со историски 4-0 и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите.

„Четвртиот гол ако паднеше на меч на којшто играат деца до 14 години, ќе си речевте не се разбираат од фудбал и треба да учат како се игра овој спорт. Тука зборуваме за најдобрите фудбалери на светот и кога ќе си дозволиш таков гол, тоа покажува во каква состојба биле. Навистина ми е тешко да објаснам што се случи, не можам да поверувам дека го добија првиот меч со 3-0, а вториот го загубија со 0-4. Би сакал да го слушнам објаснувањето на Валверде. На полувремето кажав дека ако Ливерпул даде втор гол, атмосферата ќе се загрее, особено кога домашните напаѓаат кон голот на трибината Коп. Ливерпул сака во второ полувреме да напаѓа на тој гол“, анализираше Мурињо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести