Некогашниот фудбалер на Партизан, Леонардо, моментно игра во Обединетите Арапски Емирати, а на последниот меч се посрамоти по начинот на кој го изведе пеналот. Бразилецот игра за Ал Ахли Дубаи, кој во последниот меч славеше убедливо со 4:0 против Ал Вахдa.
При резултат 0:0, беше досуден пенал за домаќините, а Леонардо ја превзема одговорноста да шутира. Сепак, наместо да погоди, Бразилецот уште при шутот се лизна и падна на земја, а топката заврши високо над голот. За среќа на Леонардо, промашениот пенал не беше кобен, бидејќи Ал Ахли Дубаи на крајот даде четири гола за убедлив триумф.
— Babica Travica (@BabicaTRAVICA) December 13, 2019