Не им се гледа крајот на проблемите во Челзи откако Британската влада одлучи да го санкционира Роман Абрамович. Финансиите во клубот се замрзнати, а единствено дозволено е само да се исплаќаат платите на вработените во клубот, вклучувајќи ги и фудбалерите.
Токму тие самите плаќаат за гориво и керозин за клупскиот автобус и авион за подалечните патувања, а директорите на клубот немаат право да носат никакви одлуки, ниту пак да добиваат плата.
Имаат забрана за продажба на тикети во Премиер лигата, додека од УЕФА барем засега имаат зелено светло и можат да продаваат, иако прашање на време е кога ќе се промени сето тоа.
Тимот и покрај сите проблеми, се подготвува за утрешниот меч против Реал Мадрид од четврт-финалето во Лигата на шампионите, кој ќе се игра на „Стемфорд бриџ“ од 21 часот.