Холандскиот гигант Феенорд му приреди убаво изненадување на новиот играч Сантијаго Хименес и го пречека и претстави со Маријачи музика и мексикански оркестар.
Идеата и изведбата на Холанѓаните како добредојде за репрезентативецот на Мексико кој досега играше за Круз Азул.
https://twitter.com/Feyenoord/status/1553099321918234626?s=20&t=MItFduOohOccIKBhXQm1wQ
Хименес има 21 година и е роден во Буенос Аирес во Аргентина, но игра за Мексико и досега имаше 7 настапи.
Напаѓачот се надева дека ќе биде на списокот и за Мундијалот во Катар, а почетокот во Феенорд со музика во мексикански стил е ветувачки.