И на Роналдо му здосади дома, па си изнајми луксузна вила (Фото)

Кристијано Роналдо веќе подолг период помина во својот луксузен дом во Португалија, но очигледно дека и тој почувствува потреба да го смени местото во кое го поминува времето во изолација. Домот на Роналдо е на седум спрата, има фудбалски терен, теретана, базен и речиси сѐ што ќе посака, но сепак му здосади времето поминато во изолација.

Токму затоа, Роналдо, кој годинава ќе стане првиот фудбалер милијардер, реши да излезе од домот и на неколку километри одалеченост изнајмил вила. За 4.000 евра неделно, Роналдо повторно ќе ужива во луксуз, но сепак ќе му биде малку поразлично.

- Оглас -

Најнови вести