И на судиите им се игра – Арбитар во Холандија даде гол, па си го призна без размислување (Видео)

Четвртолигашот од Холандија, Харкемасе бојс имаше сесрдна помош од главниот судија на мечот со Хек во победата од 4:2.

Човекот во црно се заигра, постигна гол за домаќините и потоа без размислување и го призна, иако гостите протестираа.

Правилата се јасни, голот е регуларен, но прашање според реакцијата на судијата е дали тој се заборави и ја шутна топката во голот.

Погледнете го моментот кога главниот арбитар ја затресе мрежата на Хек, што е една од најсмешните секвенци во историјата на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести