Денешниот тренинг на Реал Мадрид помина вообичаено, само Герет Бејл посебно се забавуваше. Велшанецот дури успеа да поигра голф, иако тоа го правеше со ногата и со фудбалска топка наместо со стап и голф-топче.
Неколку пати се замисли како да е на голф-терен, а овој ироничен обид на Бејл да се шегува поради критиките кои ги добива во изминатиов период уште повеќе ги налути навивачите, како и шпанските медиуми.
Инаку, Реал утре го пречекува тимот на Еспањол во рамките од 16-тото коло во Ла Лига.
https://twitter.com/ElGolazoDeGol/status/1202920956789964800