И на трева и на тврдо, Ѓоковиќ е подобар од Андерсон

Новак Ѓоковиќ го надигра Кевин Андерсон со 7-6, 6-3 во четврт-финалето на Мастерсот во Шангај и со тоа направи уште еден чекор кон освојување на овој вреден турнир. Ѓоковиќ пред неколку месеци беше подобар од Андерсон во финалето на Gренд слемот Вимблдон, кој се игра на тревна подлога, а сега тој беше поуспешен и на тврда подлога.

Во првиот сет, Андерсон не искористи сет-топка, и тоа скапо го чинеше. Потоа Новак со психолошката предност на своја страна, знаеше како да дојде до победата.

Во полуфиналето во Шангај, Ѓоковиќ ќе се сретне со Александр Зверев. Германецот со руско потекло во четврт-финалето го совлада Кајл Едмунд со 6-4, 6-4.

Наградниот фонд на Мастерсот во Шангај е малку повеќе од 7 милиони долари, а победата носи 1.100 АТП поени, па Ѓоковиќ со триумф сериозно ќе му се доближи на водечкиот Рафаел Надал, кој не игра и ќе загуби толку поени, бидејќи лани го освои турнирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести