Екипата на Ростов вчера приреди големо изненадување на гостувањето во Москва против Локомотив. Гостите триумфираа со конечни 1-2 со головите на Шомуродов, но вистинскиот херој од средбата е бекот на Ростов, Евгениј Чернов.
Во ситуација кога домаќините можеа да ја затресат мрежата, Чернов направи две фантастични интервенции пред својот гол. Не само што го спречи првиот обид, туку и вториот по кој се фрли и блокираше со телото пред самата гол-линија.
Со освоените три бода, Ростов успеа да се одлепи од противниците на врвот на табелата со 17 бода по осум кола.
https://twitter.com/FootbaII_HQ/status/1167854140187402241?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1167854140187402241&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportske.net%2Fvest%2Fmedjunarodni-fudbal%2Fgarantujemo-najbolji-defanzivni-potez-u-istoriji-doveo-ih-na-prvo-mesto-386070.html