И најверните навивачи на Арсенал одвај го познаа, шокираше со пресадената коса (Фото)

Роб Холдинг на мечот со Сандерленд од Лига купот на Англија ја носеше капитенската лента во Арсенал. Тој сезонава има мала минутажа во Премиер лигата во тимот на тренерот Микел Артета, а изненади со новиот изглед.

Дури и фановите на Арсенал беа изненадени од имиџот на Холдинг, кој сезонава играше само на седум меча, од кои три во август. Овој 26-годишен фудбалер си пресадил коса и воопшто не личи на себе од почетокот на сезонава.

Ова не е прв ваков случај, познато е дека и Вејн Руни и Џердан Шаќири од ќелави со големи залистоци, станаа „бушави“ по третман за пресадување на коса.

- Оглас -

Најнови вести