И најверните навивачи на Ливерпул ќе се чудат на овој состав и нема да ги знаат играчите (Фото)

Ливерпул успешно си ја заврши задачата во домашното првенство победувајќи го Ватфорд, но дури сега следува стартот на „Невозможната мисија“. Поради пренатрупаност на распоредот, Ливерпул ќе мора да одигра два меча за два дена, и тоа на два различни континенти.

Утревечер во рамките од четврт-финалето во Карабао купот, Ливерпул ќе гостува кај Астон вила, а составот на гигантот е повеќе од чуден. Ниту еден играч од првиот тим нема да игра, и тоа поради оправдани причини. Целиот прв тим е во Доха, каде што Ливерпул како европски првак ќе игра на Светското клупско првенство. Мечот од полуфиналето на планетарниот собир е закажан за 18 декември против Монтереј од Мексико. Тој дуел во Доха ќе биде за помалку од 24 часа од стартот на мечот против Астон вила.

За да успее мисијата да се одиграат двата меча, Ливерпул против Астон вила ќе игра со тимот до 23 години, а и на клупата ќе биде тренерот на оваа екипа. Еве го составот со кој Ливерпул ќе настапи во Бирмингам, a најверните навивачи на овој клуб ќе може на дело да ги видат и фудбалерите од младинскиот погон.

 

- Оглас -

Најнови вести