И навивачите се свртеа против Де Јонг: Прифати пониска плата, ку*ко! (видео)

Бесчувствително се врши притисок врз Френки де Јонг да ја прифати понудата од Барселона за да остане во клубот за пониска плата, а воедно Каталонците се во преговори со Челзи околу трансферот вреден 80 милиони евра.

Додека Холанѓанецот одбива и едно и друго, сега и навивачите му го свртеа грбот и почнаа да го навредуваат. Кога Де Јонг се упати на денешниот тимски тренинг, еден од навивачите му довика: „Прифати пониска плата, ку*ко!“

Барселона веќе му должи околу 20 милиони евра во плати, сума која неговите претставници бараат да се исплати без разлика што клубот е во незавидна финансиска состојба.

Притисокот да замине од „Камп ноу“ е од причина што со продажбата на Де Јонг, Барса ќе инкасира доволно средства да ги регулира финансиите според финансискиот ферплеј, по што ќе може да ги регистрира новите засилувања. Тоа клубот треба да го стори до пред почетокот на сезоната во Шпанија, која стартува во претстојниот викенд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести