И Ноле ги бодри српските фудбалери на ЕП во Минхен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ допатува во Минхен и ги бодри фудбалерите на „Алијанц арена“ каде вечерва тие го играат последниот меч од групната фаза на Европското првенство против Данска.

Новак Ѓоковиќ пристигна од Лондон, каде што се опоравуваше по операцијата на коленото и се подготвува за Вимблдон, кој треба да започне следната недела.

Тој пронајде време да скокне до Минхен и да им даде поддршка на срспките фудбалери.

Штом пристигна на стадионот, данските навивачи му упатија свирежи, со оглед дека јасно е за кого ќе навива на овој меч.

- Оглас -

Најнови вести