И Новак Ѓоковиќ се прости од несудениот српски селектор

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, преку социјалните мрежи испрати порака со сочувство за смртта на некогашниот кошаркар, а сега тренер, Дејан Милојевиќ.

Милојевиќ кој беше помошник тренер во Голден Стејт вориорс, почина од срцев удар во Солт Лејк сити, каде Воините требаше да играат со Јута џез.

И на Новак тешко му падна веста за смртта на 46-годишниот тренер кој нашите северни соседи планираа да им биде следниот селектор по заминувањето на Светислав Пешиќ.

„Почивај во мир“, порача Ѓоковиќ со емотикони на насолзено лице и раце споени како за молитва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести