И новиот голман на Јунајтед почна да ги губи нервите со Мегваер (Видео)

Во Манчестер јунајтед по 11 години, има нов голман. Андре Онана го замени Давид де Хеа, но една работа не се смени и тој уште на стартот почна да ги губи нервите со Хари Мегваер.

Јунајтед утринава загуби со 3:2 од Борусија Дортмунд на пријателскиот натпревар што се играше во САД, а мечот го одбележа голманот на Црвените ѓаволи, Андре Онана.

https://twitter.com/i/status/1685977682662641664

Онана ги загуби нервите по една лоша реакција на Мегваер и само благодарение на неговата интервенција, успеа да ја зачува мрежата. Голманот веднаш дотрча до Мегваер да му објасни некои работи, а тој потег ги воодушеви фановите на Јунајтед и тоа го покажаа со пораките на социјалните мрежи.

https://twitter.com/Sky_SportPL/status/1685944488374509568?s=20

- Оглас -

Најнови вести