И новиот лев бек на Атлетико е Бразилец

Атлетико Мадрид вчера навечер го официјализираше трансферот на Ренан Лоди. Бразилскиот лев бек кој доаѓа од редовите на Атлетико Паранаенсе стави потпис на шестгодишен договор, додека Јорганџиите исплатија околу 20 милиони евра за неговите услуги.

Ангажманот на Лоди значи дека е најдена замената за Филипе Луис, кој пред неколку дена стана слободен играч по минати два мандати по четири години во дресот на Атлетико, а во најскоро време ќе биде потврдено неговот враќање во Бразил, каде што ќе игра за Фламенго.

Дваесет и едногодишниот Лоди настапи точно на 50 натпревари за Паранаенсе, па иако е бек, често учествува во нападот и за бразилскиот тим постигна четири гола и осум асистенции.

https://twitter.com/Atleti/status/1147991297480974338

- Оглас -

Најнови вести