И ова е можно, судија му покажа црвен картон на – фоторепортер!

Вчера на натпревар од втората хрватска лига се случи една несекојдневна ситуација, која е можеби и уникат во светскиот фудбал. Судијата покажа црвен картон, но не на играч или тренер, туку на фоторепортер.

На мечот помеѓу Јунак од Сињ и Рудеш, кога гостите поведоа со 2-0 во 44-та минута, фоторепортерот го навредил тренерот на Рудеш, Марио Царевиќ

„Среќен ли си сега сељашичте непристојно?“ – искоментирал фоторепортерот.

Ова го слушнал судијата, па му покажал црвен картон и го оддалечил човекот од местото покрај теренот. Сето ова е раскажано и во делегатскиот извештај кој е доставен после натпреварот.

Уште не се знае дали и каква казна ќе добие локалниот фоторепортер.

- Оглас -

Најнови вести