Ова е лудо – Италијанскиот фудбалски хит има неверојатни 59 играчи на позајмица

Аталанта има неверојатни 59 фудбалери што играат за други клубови како позајмени играчи. Клубот од Бергамо кој во последните неколку сезони е вистински хит со одлилни резултати го објави списокот на сите фудбалери што се под договор, а играат како позајмени за други клубови во моментов.

Голем дел од нив играат за италијански клубови, најчесто од понизок ранг, а најпознати членови на Аталанта што моментно се на позајмица се голманот Голини, кој замина во Тотенхем, потоа Ламерс, кој е член на Ајнтрахт Франкфурт и Ромеро, кој исто така замина во Премиерлигата, во редовите на Тотенхем како позајмен играч од Аталанта.

Клубот од Бергамо се пофали и со шестте засилувања ова лето, а нови играчи на бергамашите се Демирал, кој дојде како позајмен фудбалер од Јувентус, потоа Копмајнерс од АЗ Алкмар, Ловато од Верона, Мусо од Удинезе, Пецела од Парма и Запакоста, кој пристигна од редовите на актуелниот европски првак Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести