Иако фудбалското првенство на Фарските острови не предизвикува големо внимание низ Европа, но секако беше забележано кога лидерот на табелата, ХБ Торшавн, неодамна го растури Аргир со 11-0.
Од Фарски острови доаѓа и една интересна приказна која е поврзана со минатото, од крајот на 80-тите години на минатиот век. Тогаш еден тим на Фарските острови за само четири години играше трета лига, втора лига, влезе во прва и беше првак на земјата, па повторно испадна во втора.
Тоа му се случи на Б71 Сандој, кој во 1988 влезе во прва лига, во 1989 година стана шампион и тоа без пораз и 11 бода повеќе од вториот ХБ Торшавн, но веќе наредната испадна. Една од причините за неверојатниот пад им беше скршеницата на ногата на капитенот, и без него од шампионски се претворија во второлигашки тим.
Сандој имаше многу турбулентни сезони и преселби од прва во втора лига и обратно, а од 2019 година пак се второлигаши, но нивниот подвиг од пред 30-33 години уште се раскажува како најинтересна фудбалска приказна од оваа островска земја на далечниот север на Европа.