Вистински куриозитет се случи на вчерашните пет натпревари од шпанската втора фудбалска лига. На сите пет меча во популарната Сегунда, имаше барем по еден црвен картон.
На две средби, судиите исклучија по двајца фудбалери, па така вкупната бројка на доделени црвени картони на петте средби, беше седум. Пет беа директни, а два беа доделени после втор жолт картон.
Дали судиите имаа престрог критериум, или играчите во оваа лига беа претерано груби и недисциплинирани, останува да се анализира. Ова е само 25-то коло и мечевите уште не значат „живот или смрт“, па затоа чудно е како на сите мечеви имаше црвени картони. Интересно е што овие седум црвени картони не се сезонски рекорд во Сегунда. Во 10-тото коло, судиите исклучија осум фудбалери.