И Пандев не е семоќен за сам да ја спасува Џенова

Горан Пандев одигра 30-тина минути за Џенова во поразот на гостувањето кај Торино од 3:0. Торино со оваа победа стигна до 37 бодови и сега е на 15-тото место, додека Џенова остана на 17-тото место со 30 бодови. Во зоната за испаѓање Лече има 29 бодови, што значи дека екипата на Пандев е во голема опасност.

За Торино ова беше меч кој мораше да го добие и радоста за домаќините стигна во 32-рата минута, кога погоди Бремер. Пандев во игра влезе во 59-тата минута, но капитенот на македонската репрезентација не е семоќен и секој меч да ја спасува Џенова.

Потврда за победата на Торино стигна со два гола во последните 15 минути. Најпрво Лучиќ зголеми на 2:0, а Белоти со погодокот во 90-тата минута само потврди дека трите бода се за домаќините.

- Оглас -

Најнови вести