Се погласни се најавите дека на руските и на белоруските тенисери и тенисерки ќе им се забрани да играат и на Ролан Гарос, откако Британците донесоа таква одлука за Вимблдон.
Францускиот гренслем во Париз ќе се игра од 22 мај до 5 јуни, а притисокот на организаторите ќе биде голем.
Данил Медведев, Андреј Рубљев, Хачанов, Сабаленка, Азаренка… нема да играат на Вимблдон, а можно е тоа да им се случи и за еден месец, односно да им се забрани да настапат и на Ролан Гарос.
Машката и женската тениска асоцијација, АТП и ВТА се спротивставуваат на забраните, а ќе имаат состаноци во текот на оваа седмица за да се реагира на евентуалната нова забрана за настап на гренслем на руските и белоруските тенисери и тенисерки.