Традицијата во меѓусебните дуели на Тотенхем и Астон вила продолжи и по вечерашниов дуел во ФА купот. И 25-ти натпревар по ред нема реми на натпреварите на овие две екипи, бидејќи Астон вила со 1-2 славеше на гости и обезбеди пласман во 1/16-финалето.
За Астон вила ова е четврта победа по ред против Тотенхем, но и втора сезонава со идентичен резултат на гостувањата во Лондон.
Триумфот за гостите го донесоа Буендиа во 22-рата и Роџерс во третата минута од продолжението на првиот дел. Единствениот гол за Тотенхем беше дело на Одоберт во 54-тата минута.

