Златан Ибрахимовиќ синоќа го прослави јубилејниот 40-ти роденден. Во елитен хотел во Милано, популарниот Ибра го собра пријателите, меѓу кои беше и Пол Погба од Манчестер јунајтед. Забавата почна со прославениот хит од некогашна Југославија, „Јутро је“, а го пееше Нада Топчагиќ.
View this post on Instagram
Токму Топчагиќ прва му посака среќен роденден на Златан, додека останатите гости играа во ритамот на песната која го следи голгетерот во текот на целата кариера. „Јутро је“ е песна која Златан ја обожава и често ја пушта и во соблекувалната без разлика во кој клуб играл.
На едно од видеата се забележува и Марко Верати, кој аплаудира на песната и игра во ритамот, а се обидува и да ја запее песната.
View this post on Instagram